ВИДЕО: Бојан Миовски со два гола за Абердин и четвртфинале во шкотскиот Куп

фото: instagram.com/aberdeenfc

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е во одлична голгетерска форма, тоа го докажа уште еднаш во шкотскиот Куп каде неговиот Абердин славеше со 2:0 против нисколигашот Бонириг Роуз.

Нашиот напаѓач беше најзаслужен за победата со неговите два гола реализирани во 17 и 25 минута од натпреварот.

Со овој триумф Абердин обезбеди пласман во четвртфиналето во шкотскиот Куп.

Миовски овојпат не го одигра целиот меч, беше заменет во 61 минута од Рајан Данкан.

Во следната фаза се пласираа и екипите на Хибернијан и Килмарнок кои ги елиминираа Инвернес и Ков Ренџерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот