Алексија Путељас/EPA/Enric Fontcuberta

ВИДЕО| Барселона се збогува со својата рекордерка по бројот на голови

Алексија Путељас по 14 години ја завршува својата ера во Барселона, а каталонскиот клуб најави дека денеска ќе ѝ приреди свечено збогување на „Камп Ноу“.

Барселона соопшти дека сакаат да ѝ оддадат признание за сè што направила низ годините, истакнувајќи дека Путељас била лидер и инспирација и на теренот и надвор од него, како и една од најзаслужните личности за подемот на женскиот фудбал во Шпанија.

32-годишната фудбалерка минатиот викенд уште еднаш испиша историја со тимот, помагајќи ѝ на Барселона да ја освои четвртата титула во женската Лига на шампиони во последните шест сезони.

Путељас пристигна во Барселона во 2012 година од Леванте како 18-годишна надеж, а зад себе остава импресивна статистика со 507 настапи, што е втор најдобар учинок во историјата на клубот, како и рекордни 232 постигнати голови.

Во дресот на Барселона освои дури 38 трофеи, меѓу кои четири европски круни и 10 шампионски титули во Шпанија, со што се вбројува меѓу најголемите легенди на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот