ВИДЕО: Барса имаше шампионски старт во Сегед, Кил рутински со норвешкиот Елверум

Дика Мем беше меѓу најефикасните во победата на Барселона/Сегед, Унгарија/14 септември 2022/фото: EPA-EFE/Sandor Ujvari

Новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите започна со победа на актуелниот првак Барселона над Пик Сегед на гости, и со рутинскиот триумф на Кил против Елверум на домашен терен.

Двократниот последователен шампион во Унгарија славеше благодарение на многу подобрата игра во вториот дел – 28:35 (15:14). Играчите на Хуан Карлос Пастор водеа во текот на целото прво полувреме (најмногу со 10:5), а и на почетокот на вториот дел, но со серија од 15:4 Барселона го „уништи“ противникот. Од негатива од 19:17, каталонскиот гигант во финишот дојде до 23:32.

Француското трио доминираше во нападот, Фабрегас и Мем постигнаа по седум гола, следени од Ричардсон со еден погодок помалку. На спротивната страна Ричард Бодо се истакна со пет гола, а по четири имаа Шоштариќ и Банхиди.

Елверум и порано знаеше да го намачи Кил во „Вундерино“ арената, но овојпат тоа не се случи. „Зебрите“ рутински славеа 36:26 (17:13), не дозволувајќи никаква дилема.

Во таборот на гостите брилјираше српскиот репрезентативец Урош Борзаш со шест гола. За победниците, Рајнкинд беше прв стрелец со шест голови, по пет запишаа Винчек и Екберг по пет.

ЕХФ Лига на шампиони

Среда, резултати:

Кил – Елверум 36:26
Пик Сегед – Барселона 28:35

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот