ВИДЕО | Бањаја победи во Италија, па прослави во стилот на Роси

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Aктуелниот светски шампион во Мото ГП доминантно победи на „Муџело“ на трката за Големата нграда за Италија, за Бањаја ова беше втора победа по ред сезонава.

Бањаја извозе одлична трка и само еднаш беше симнат од првото место. Џек Милер во една ситуација го помина Италијанецот, но Бањаја брзо ја врати позицијата и ја задржа до крајот.

„Ова беше еден од моите најдобри викенди во кариерата и навистина сум среќен“, изјави Бањаја по триуфмот.

На второто место заврши Хорхе Мартин, а Јоан Зарко трет. Во генералниот пласман Бањаја е лидер со 131 бод, Марко Берцеки има 110, а Хорхе Мартин е на третата позиција со 107 бода.

Следната тргка во Мото ГП се вози во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот