ВИДЕО: Баерн со „проектилот“ на Кимих не дозволи сензација на Алијанц арената

фото: EPA-EFE/LEONHARD SIMON

Во 17 коло од Бундес лигата составот на Баерн Минхен одигра само реми 1:1 пред своите навивачи против екипата на Келн.

Уште во четвртата минута „јарците“ ги шокираа домаќините со погодокот на Мароканецот Скири.

Во 90 минута тимот на Нагелсман успеа да спречи сензација на Алијанц арената благодарение на фантастичниот погодок на Кимих од околу 30 метри.

За баварскиот гигант ова е веќе втор нерешен резултат во низа во најсилното германско првенство, и натаму останува на врвот со 36 бодови, сега само четири повеќе од второпласираниот Лајпциг кој на гостински терен го декласираше Шалке со 1:6.

Во останатите два натпревари од рундата ремизираа Хофенхајм Штутгарт (2:2), додека Волфсбург пукна „петарда“ против Херта Берлин (0:5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот