фото: EPA/ANNA SZILAGYI

ВИДЕО | Баерн по 11 пат во својата историја го освои германскиот Суперкуп

Денеска фудбалерите на Баерн Минхен во Суперкупот на Германија го совладаа освојувачот на Купот, тимот на Штутгарт, со резултат 2:1.

Така, актуелниот бундеслигашки шампион по 11 пат дојде до титулата во германскиот Суперкуп.

Хари Кејн ја искористи грешката на одбраната на противникот во 18 минута и со прецизен удар донесе водство за баварскиот гигант.

Новото засилување на Баерн Луис Дијаз го постигна својот прв гол за екипата во 77 минута, искористувајќи го центаршутот на Серж Гнабри за зголемување на предноста на 2:0.

Луис Дијаз го прослави својот во стилот на трагично починатиот Диого Жота, кој му беше соиграч во Ливерпул.

Домашниот тим до крајот на мечот успеа да го ублажи поразот во судиското продолжение преку Џејми Левелинг (90+3`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот