ВИДЕО: Автоголот на Милитао ѝ донесе предност на Барса во двомечот со Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/KIKO HUESCA

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид со 1:0 во првиот полуфинален натпревар од „Копа дел Реј“ и со тоа стекнаа значајна предност пред реваншот на нивниот стадион кој ќе се одигра на 5 април.

Барса вторпат годинава славеше во „Ел Класико“ против својот најголем ривал, откако во јануари триумфираше во финалето на шпанскиот Суперкуп во Ријад.

Гостинскиот тренер Чави Ернандез изненади со својата тактика, одигра вистински „бункер“ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Барселона со децении не сме ја виделе во вакво издание.

Вечерва неговиот тим излезе на терен за да постигне поволен резултат и целта беше остварена. Реал не упати ниту еден удар во рамката од голот и тоа доволно говори за перфектната одбрана на Барселона на овој натпревар.

Решавачкиот момент се случи во 26 минута, кога Едер Милитао ја погоди мрежата на сопствениот гол.

Победникот од овој двомеч во финалето ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка ОсасунаАтлетик Билбао. Осасуна исто така стекна минимална предност дома (1:0) пред возвратниот дуел на 4 април на стадионот. „Сан Мамеш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот