ВИДЕО: Австриска пратеничка се онесвестила додека држела говор во Парламентот

Австриската пратеничка Ева-Мариа Холцлајтнер се онесвести пред парламентот/ Фото Youtube Screenshot

Вонредната седница на австрискиот парламент, посветена на владината криза предизвикана од започнувањето на истрага против поранешниот канцелар Себастијан Курц, во еден момент падна во втор план.

Имено, австриската пратеничка Ева-Марија Холцлајтнер се онесвестила додека го држела својот говор за истрагата против Себастијан Курц во парламентот, пренесува Хеуте.

Членката на опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (СЈО) поминала без последици, а нејзините колеги веднаш притрчале да и помогнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот