ВИДЕО: Арсенал не го дава врвот, Барнли со „петарда“ во мрежата на Шефилд јунајтед

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Фудбалерите на Арсенал во 14 коло од Премиер лигата на стадионот „Емирати“ во Лондон со 2:1 го совладаа Вулверхемптон.

По првиот дел водеа „топџиите“ со головите на Сака во шестата и Одегард во 13 минута. Во самиот финиш од средбата, Куња го ублажи поразот на гостите.

Брентфорд со 3:1 беше подобар од Лутон, додека Барнли на домашен терен со 5:0 го надигра Шефилд јунајтед.

Головите за Барнли ги постигнаа Родригез, Брун Ларсен, Амдуни, Колеошо и Браунхил.

Арсенал е на лидерската позиција со 33 бодови, четири повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој својот меч ќе го има в недела дома против Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот