Алваро Арбелоа/Real Madrid C,F

ВИДЕО | Арбелоа бесен на судиите: Од месечината можеше да се види дека е пенал

Алваро Арбелоа остро реагираше по ремито на Реал Мадрид против Жирона (1-1), оценувајќи дека „кралевите“ биле сериозно оштетени на „Сантијаго Бернабеу“.

Според него, најспорниот момент на натпреварот бил стартот врз Килијан Мбапе во противничкиот шеснаесетник, кога францускиот напаѓач доби удар со лакт, но судијата остана нем. Арбелоа смета дека станува збор за очигледен пенал.

 „Фаулот врз Мбапе беше чист пенал. Тоа беше пенал кој може да се види од месечината. Но, тоа е што е, секогаш исто. ВАР интервенира кога сака, кога не сака да види нешто не интервенира“, истакна Арбелоа.

Тој испрати критики и кон ВАР-системот, нагласувајќи дека интервенциите не се конзистентни и зависат од тоа дали некој сака или не сака да реагира.

ВИДЕО | Реал само до бод против Жирона – титулата во Ла Лига ѝ се насмевнува на Барса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот