САД хокеј/EPA/FAZRY ISMAIL

ВИДЕО: Американците ја победија Канада и по речиси половина век станаа олимписки шампиони

Хокејарите на САД машка хокејска репрезентација се искачија на олимпискиот тронот во Италија на Зимските олимписки игри откако во големото финале во Милано ја совладаа селекцијата на Канада  со 2-1.

Со овој триумф Американците го освоија првото олимписко злато по легендарното на Игрите во Лејк Плесид во 1980 година, ставајќи крај на 46-годишната пауза без златен медал. Уште пред стартот на турнирот јасно порачаа дека ги интересира само златото и на крајот го исполнија ветувањето и тоа против најголемиот ривал.

Американската хокејска приказна во Милано доби и дополнителна тежина, бидејќи и женската селекција на САД женска хокејска репрезентација ја победи Канада со 2-1 по продолжение и исто така се закити со злато. Решавачкиот момент во машкото финале го донесе Џек Хјуз со погодок на помалку од две минути од стартот на продолжението, по асистенција на Зак Веренски. Голманот Конор Хелибак блесна со 41 одбрана и беше вистински ѕид пред својот гол.

За САД ова е трето олимписко злато и вкупно 12. медал, додека Канада останува најтрофејна нација со девет златни медали и вкупно 17 олимписки медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот