Фото: Screenshot

ВИДЕО: Аматер во необичен турнир го победи Синер и си замина дома со автомобил и пола милион евра

Изненадување се случи во Сиднеј, каде што аматерот Џордан Смит стигна до неверојатна парична награда од еден милион австралиски долари, односно околу 570 илјади евра, како и нов автомобил, откако триумфираше на необичниот турнир „One Point Slam“, кој традиционално се игра во неделата пред стартот на Австралија опен.

Станува збор за егзибициски настан со уникатен формат, а Смит до „титулата“ стигна со вкупно само шест освоени поени. Турнирот ги спојува професионалните тенисери со аматери, при што секој натпревар се решава со само еден поен. За да се намали разликата во квалитет, професионалците имаат право на само еден сервис, додека аматерите располагаат со два.

Во третото коло, 29-годишниот Смит се соочи со двократниот освојувач на Австралија опен, Јаник Синер. Италијанецот направи сервис-грешка, ја погоди мрежата и, без право на втор обид, поенот му припадна на аматерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот