Фото: Screenshot

ВИДЕО | Aфриканскиот Куп на нации секогаш е посебен: Уганда замени тројца голмани во 13 минути

Африканскиот Куп на нации, кој е во тек, и понатаму изненадува со несекојдневни сцени, а синоќа репрезентацијата на Уганда му приреди на фудбалскиот свет момент што ретко се гледа. Иако по квалитет не важи за најелитно натпреварување, континенталниот турнир секогаш носи драма, неочекувани резултати и специфични моменти.

Фудбалерите на Уганда се најдоа во неверојатна ситуација, откако за само 13 минути беа приморани да ги искористат сите тројца голмани што ги имаа на располагање на турнирот.

Очекувано, Уганда беше поразена од Нигерија со 3-1 и остана без пласман во нокаут-фазата. Во 46. минута, поради повреда, натпреварот мораше да го напушти првиот голман Денис Онјанго, а на негово место влезе Салим Магола.

Но, драмата тука не заврши. Само 11 минути подоцна, Магола заработи директен црвен картон поради играње со рака надвор од шеснаесетникот, па меѓу стативите мораше да застане третиот голман, Нафијан Алионзи. Нигерија максимално ја искористи настанатата ситуација и со два брзи гола во периодот од 62. до 67. минута го реши прашањето околу победникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот