ВИДЕО | Ацески: Корупцијата на Универзитетот го девалвира образованието

Илија Ацески
проф. Илија Ацески, социолог / Утрински брифинг

-Има една би рекол суштинска разлика меѓу нас и Бугарија. Во Македонија сѐ уште живееме во некоја илузија дека не сме бинационална, билингвална, нетериторијална федерација, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор Илија Ацески. -Ја нема кај нас сѐ уште таа одлучувачка политика. Етничкиот дискурс е толку силен, а тоа многу говори за моменталната ситуација, а во Бугарија тоа се одрази на изборите, додава тој.

-Во моментов во Македонија се создаде еден баланс 60 – 60 и сега некој тоа многу лесно го користи, купопродажба, но има една би рекол полуразбирлива состојба како сега еден пратеник кој е избран со одредена идеолошка платформа многу лесно да преминува од една во друга политичка платформа. Тоа го доживуваме како еден пазар, коментира проф. Ацески.

Говорејќи за високото образование проф. др Ацевски со став: -Ако во високото образование падне квалитетот, едноставно дипломата која некој ја добива за одредена област, се покажува дека таа не соодветствува на она што значи диплома. Во ваков процес на високо образование падот на квалитетот се формализира со тоа што учењето, подучувањето се става на маргините, вели Ацески.

-Бизнисот се направи кога се отворија приватните факултети кои ги спуштија критериумите за квалитет, а сето тоа го потпомогна Болоња, изјави за УБ универзитетскиот професор Илија Ацески.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот