Ви се оди во вселената? „Вирџин Галактик“ ќе ве однесе за 450,000 долари

вирџин галактик ричард бренсон
ФОТО: Инстаграм

Компанијата на Ричард Бренсон, „Вирџин Галактик“ објави дека ќе почне со продажба на билети за вселенски летови со почетна цена од 450,000 американски долари по седиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virgin Galactic (@virgingalactic)

Компанијата за вселенски туризам во четвртокот соопшти дека напредува кон започнување со летови од следната година. Таа ќе продава единечни седишта, пакет-зделки и целосни летови. Продажбата првично ќе се отвори за посебна листа на потрошувачи кои „први пројавиле интерес“.

Бренсон се искачи 88 километри над пустината во Ново Мексико на 11 јули и безбедно се врати во првиот тест-лет на возилото со целосен екипаж во вселената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virgin Galactic (@virgingalactic)

„Каков ден … каков ден, каков ден, каков ден“, рече Бренсон откако се врати на земјата. „Сонував за овој момент од мал, но ништо не може да ве подготви за погледот од вселената“.

ВИДЕО: Милијардерот Ричард Бренсон полета во вселената и успешно се врати на Земјата

„Вирџин Галактик“ доби дозвола да лета луѓе во вселената во јуни.

Извор: „The Guardian“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот