Ветеринари извадиле 70 монети од стомак на алигатор во зоолошката во Небраска

Зоолошка во Небраска извади 70 монети од стомакот на алигатор / Фото OMAHA'S HENRY DOORLY ZOO AND AQUARIUM

Алигатор во зоолошката градина во САД морал да оди на операција откако ветеринарите откриле 70 монети во стомакот на животното. Монетите се пронајдени во редок, 36-годишен леукистички алигатор, кој има проѕирна бела кожа и сини очи. Ветеринарите идентификувале „метални предмети во стомакот на Тибодо“.

Зоолошката градина Хенри Дорли во Омаха, Небраска соопшти дека посетителите фрлале монети во заградениот простор, кои животното ги јадело. Алигаторот сега се опорави и се врати во своето живеалиште, пренесува Би-Би-Си.

Зоолошката градина ги повика посетителите да не фрлаат „монети во водите во зоолошката градина“, откако значителна количина на парички беше извлечена од стомакот на животното.

Сите 10 алигатори, вклучувајќи го и Тибодо, учествувале во рутински преглед. Кога работниците во зоолошката ги откриле монетите, тие дејствувале брзо и извршиле операција во четвртокот, отстранувајќи ги монетите од Тибодо „пред да направат некакви проблеми“.

„Со помош на неговата обука, Тибодо беше анестезиран и интубиран за да ни овозможи безбедно да управуваме со него во текот на постапката. Беше поставена пластична цевка за да ја заштити неговата уста и безбедно да ги помине алатките што се користат за пристап до монетите, како што е камерата што ни помогна да го водиме пронаоѓањето на овие предмети“, рече во изјавата ветеринарката Кристина Плог, која ја водела постапката.

Зоолошката во соопштението објави дека рендгенската слика потврдила дека предметите биле успешно отстранети, додавајќи дека „Тибодо добро се опоравил од процедурата“. Тејлор Јав, директор за здравје на животните во зоолошката, рече дека постапката не е „вообичаена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот