Вест хем потврди: Англискиот репрезентативец Деклан Рајс е рекордер

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Заврши една од најголемите трансфер саги ова лето, репрезентативецот на Англија Деклан Рајс доаѓа во Арсенал, потврди неговиот поранешен клуб Вест хем.

Рајс ќе биде најскапиот англиски фудбалер на сите времиња, Вест хем ќе добие 117 милиони евра фиксни и уште шест милиони преку бонуси за овој трансфер.

„Чеканите“ на својата интернет страница потврдија дека е постигнат договор и дека играчот од средниот ред кариерата ќе ја продолжи на „Емирати“.

– Жал ми е што Деклан нè напушта, но верувам дека сите во клубот се горди на улогата што ја одиграа во неговиот пат од нашата академија да стане најскапиот англиски фудбалер. Сакам да им порачам на нашите навивачи – клубот не сакаше да го продаде Рајс. Сакавме да изградиме тим околу него, му понудивме подобри услови од оние што ги имаше претходно. Но, тој јасно кажа дека сака да оди, дека му треба предизвик. После тоа почувствувавме дека не е во ред да го запреме на патот, па му дозволивме да си оди – рече претседателот на Вест хем, Дејвид Саливан.

Рајс го имаше своето деби за Вест хем против Барнли во 2017 година. Тој одигра 245 натпревари, последниот во Прага кога Вест хем во финалето на Конференциската лига ја совлада Фиорентина со 2:1 и по 43 години освои европски трофеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот