Весела вест од болница: Пациент и медицински сестри пеат народни песни за време на операција

Вирално видео на кое се гледа пациент како лежи на операциската маса кој заедно со медицинскиот персонал го пее хитот „Sve behara“ од Сафет Исовиќ, додека лекарите го оперираат успеа да ги расположи корисниците на социјалните мрежи.

Медицинските сестри, веројатно обидувајќи се да го смират уплашениот пациент, пуштаат народна песна од нивниот мобилен телефон и пеат стоејќи покрај пациентот кој во тој момент е под локална анестезија. Тој се обидува да ги следи и пее со нив.

Сестрите, а и докторот што ја извршуваат операцијата, не носат ковид – 19 заштита. Облечени се како да оперираат во нормални услови, па не може да се претпостави кога е снимено видеото ако судиме по критериумите за заштита од коронавирусот кои ги препорачува СЗО.

Сепак, задоволството на возрасниот пациент може да се забележи во моментот кога кажува уште што му недостасува.

– Ако имавме барем и ракија … – вели постариот пациент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот