ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО ЕНЕРГИЈАТА НА ИМЕТО? Сопственичките на овие 5 имиња се заштитени од лоша среќа

жена

Според астролозите, ѕвездите имаат огромно влијание врз карактерот на личноста родена во одреден хороскопски знак.

Но, постојат и верувања дека и имињата не ги добиваме случајно и дека всушност ни се предодредени одамна пред да се родиме.

Некои женски имиња имаат силна енергија со себе, а се верува дека сопственичките на следниве пет имиња се заштитени и среќни:

Александра

Ова име има значење „заштитничка“ и „храбра“. Се верува дека го носат девојки и жени кои се полни со сила и самодоверба и кои сигурно чекорат низ животот.

Викторија

Значењето на ова име е „победничка“. Таа сигурно чекори кон своите цели, енергична е, активна, интелигентна и атрактивна.

Ирина

Ова име има значење „мир“. Жените со ова име се приземни и зрачат со сила и спокој. Носат брзи и точни одлуки и ризикуваат кога треба да решат сериозен проблем.

Елена

Таа е духовита и срдечна, понекогаш лесноверна, но ако ја повредите, нејзиното срце останува заклучено за вас засекогаш. Значењето на името е „сончева светлина“.

Татјана

Татјана има повеќе значења од кои старогрчкото значи „организатор“, а римското „миротворна“. Таа е одлучна и храбро чекори кон своите цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот