Верстапен во Шпанија ја оствари 40 победа во Формула 1

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Шпанија пред возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Со 40 победа во кариерата, трета во Барселона, го остава Верстапен една победа зад легендарниот Аиртон Сена кој запиша 41 триумф. На таа вечна листа Луис Хамилтон има намногу победи, (103), следуваат Михаел Шумахер (91), Себастијан Фетел (53) и Алан Прост (51).
Formula 1🏎️ – @Max33Verstappen is the 6th driver to claim 40 F1 Grand Prix wins
1️⃣0️⃣3️⃣ – 🇬🇧Lewis Hamilton
0️⃣9️⃣1️⃣ – 🇩🇪Michael Schumacher
0️⃣5️⃣3️⃣ – 🇩🇪Sebastian Vettel
0️⃣5️⃣1️⃣ – 🇫🇷Alain Prost
0️⃣4️⃣1️⃣ – 🇧🇷Ayrton Senna
0️⃣4️⃣0️⃣ – 🇳🇱Max Verstappen (+1)#SpanishGP #F1— Gracenote Live (@GracenoteLive) June 4, 2023
Холанѓанецот од самиот почеток до крајот на трката беше на првото место во Каталонија и победи на доминантен начин – со предност од над 20 секунди во однос на второпласираниот Хамилтон.
Зад Расел трката ја заврши вториот возач на Рел Бул, Серхио Перез, а по него низ целта поминаа Карлос Саинц, Ленс Строл и Фернандо Алонсо. Шарл Леклер имаше разочарувачка трка и на крајот заврши на 11 позиција.
Во генералниот пласман по седум трки води Верстапен со 170 бодови, втор е Перез со 117 бодови, додека трет е Алонсо со 99 бодови.
Ф1 шампионатот продолжува на 18 јуни со трката за Големата награда на Канада во Монтреал.