Велковски за предност на Македонија во првото полувреме

Македонија доминира во првото полувреме/ фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во квалификациите за пласман на СП 2022 година, гостувајќи му на Лихтенштајн и води со 0:1 по првото полувреме.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски доминираа во сите 45 минути од првиот дел, постојано се играше на пловината на Лихтенштајн, се редеа шанси пред голот на Бухел, а одличната игра ја круниса Дарко Велковски со голот во 39 минута.

По корнерот, настана мешаница во петерецот на Бухел каде најснаодлив беше Велковски и го отвори резултатот.

Претхнодно фудбалерите имаа неколку одлични шанси да постигнат уште некој гол, шутевите на Ристивски, Спировски, Елмас не без прецизни, а во 32 минута шутот на Чурлинов по одбиената топка заврши во пречката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот