Велигденска честитка од ракометарите, победа над Швајцарија

epa09174367 Lenny Rubin (R) of Switzerland in action against Filip Kuzmanovski (L) of North Macedonia during the Men's EHF EURO 2022 qualification handball match between North Macedonia and Switzerland in Skopje, Republic of North Macedonia, 02 May 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра идната година. На големиот христијански празник ракометарите ја совладаа Швајцарија со 29:28 во последното од седмата група и настапите ги завршија како второпласирани, веднаш зад актуелниот светски шампион Данска.

Натпреварот започна со два гола на Швајцарија и тоа преку нивниот најдобар ракометар Енди Шмит, но Македонија возврати со серија од три гола по ред преку Пешевски, Талески и Мишевски за водство од 3:2 во седмата минута.
Резултатската нишалка, односно играта гол за гол беше присутна до средина на првото полувреме, по што гостинските ракометари со двата гола на Рубин за прв пат дојдоа со два гола предност (5:7). Во следниот напад Швајцарија имаше и три гола предност благодарение на голот на Реми.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во тие моменти Лазаров да се вклучи во натпреварот и да ги предводи своите ракометари од теренот, а подобрата игра во одбраната, како и сигурната реализација донесе резултат и во 23 минута, Македонија дојде до израмнување 11:11.

До крајот на првиот дел се играше гол за гол, а првите 30 минути завршија без нерешено (16:16).
„Црвено-жолтите“ второто полувреме го започнаа со два нереализирани напади преку Лазаров и Маџовски.
По десет минути игра, ,односно во 40. минута, Македонија со голот на Филип Кузмановски поведе со 19:18, што беше прво водство за „црвено-жолтите“ од седмата минута (4:3).

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во наредните десетина минути се играше гол за гол, со тоа што Македонија го контролираше резултатот. Така беше се до 53 минута кога Македонија со голот на Кузмановски дојде до два гола предност (25:23). Оттогаш контролата на играта и резултатот беше во рацете на избраниците на селекторот Лазаров кои умешно ја оджуваа предноста од 2-3 гола до крајот на натпреварот.

Одлична партија прикажа Никола Митревски кој имаше 16 одбрани, а даде и еден гол, додека во нападот одлична партија прикажаа Филип Кузмановски и Кире Лазаров кои дадоа по шест гола, а Гоце Георгиевски постигна четири голови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот