Велешанец со сведоштво за „Слободен печат“: Ивермектинот ми го спаси животот

Лекот кој дава огромна надеж во лекувањето на заболените од ковид-19, конечно пристигна и во Македонија. Педесет и петгодишен велешанец кој десет дена се лекувал со „иверметкин“, кој го набавил од Грција, во изјава за „Слободен печат“ вели дека лекот му го спасил животот.

Како што ни раскажа, се почнало со добивањето позитивен тест на ковид-19 и појавата на лесни симптоми, за на крај да заврши на болничко лекување со намалена сатурација во крвта.

– Првиот ден ми дадоа 8 таблети, преку еден ден ми дадоа 6 таблети, исто така и петтиот ден. Понатаму ја намалуваа дозата. Претходно бев лекуван со „гарамицин“ и „сумамед“, но не се подобруваше состојбата. Имав намалена сатурација која падна на 82. За лекот слушнав од мојата матична докторка, која ми го препорача, но ми кажа дека го нема во Македонија. Среќа, имав кој да ми го обезбеди од Грција. Сега се чувствувам многу добро, можам и да зборувам, претходно не можев, немав сила. Се радувам што конечно овој лек ќе го има во Македонија, бидејќи не може секој да го набави од странство, ни рече соговорникот кој сакаше да останме анонимен и чиј идентитет е познат на редакцијата.

Го баравме и го најдовме: „Ивермектин“ има во една аптека на Зегин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот