Фото: МИА

Кумановец сакал да ќари преку криптовалута, испаднал 43.750 евра во зијан

48-годишен жител на Куманово бил измамен за голема сума пари од непознат човек од Велес со кого контактирал преку оглас на социјалните мрежи со намера да купи криптовалута, соопшти МВР. Наместо очекуваниот профит, несудениот криптоинвеститор завршил во загуба од 43.750 евра.

„На 26.02.2026 во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на криптовалута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат криптосредства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил криптосредствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, пишува во полицискиот билтен.

ФОТО | Тежок судир меѓу две коли во Црниче – такси заврши во скали од маркет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот