Сообраќајна несреќа во Црниче / Фото: Слободен печат

ФОТО | Тежок судир меѓу две коли во Црниче – такси заврши во скали од маркет

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случи на улицата „Востаничка“ кај маркетот „Рептил“ во скопската населба Црниче, во која учествуваа две коли, од кои едната е такси.

Од фотографиите што ги доби „Слободен печат“ од читатели, може да се види дека од силината на ударот, такси-возилото се забило во скалите од маркетот кој се наоѓа до самата улица.

сообраќајна несреќа во Скопје / Фото: Слободен печат
сообраќајна несреќа во Скопје / Фото: Слободен печат
сообраќајна несреќа во Скопје / Фото: Слободен печат

Засега нема информации за повредени во несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот