Велешанец лажел дека полицајци го малтретирале, ама полицајците имале камери
Жител на Велес ќе одговара за лажно пријавување, откако тврдел дека двајца полицајци го малтретирале, но тие го снимале со камери и докажале дека лажел, соопшти МВР.
Препорачано
Тој ги пријавил двајцата полицајци за „малтретирање во вршење на службата“ при сообраќајна контрола, а кон нив поради тоа интервенирале органите на прогонот, велат од полицијата.
„Пријавените полициски службеници своето постапување го снимиле со мобилниот систем за снимање со камери, со што е утврдено дека П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако при поднесување на пријавата бил предупреден за последиците за лажно пријавување. П.М. лажно ги пријавил полициските службеници иако бил свесен и како директен учесник во настанот знаел дека полициските службеници не го сториле кривичното дело, со што погрешно и злонамерно предизвикал интервенција на органите на прогонот кон полициските службеници. Со наведеното пријавениот ги загрозил личните слободи и права, како и честа и угледот на полициските службеници кои ги пријавил“, пишува во полицискиот билтен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
46мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


