Ве нервираат стриите на кожата: Еве како да ги направите помалку видливи

За жал, факт е дека стриите нема да исчезнат, но можеме сосема ефикасно да ги направиме што помалку видливи, па дури и невидливи, односно изедначени со бојата на тенот.

Губењето килограми позитивно влијае врз самодовербата, но има и една несакана последица, особено ако се изгубат многу килограми или ако тоа се случи нагло.

Поради големите варијации во тежината, се оштетуваат колагенот и еластинот на кожата. Лекарите советуваат дека првиот чекор во спречување на појава на стрии е да слабеете постепено, а не нагло. На тој начин не се губи еластичноста на мускулите.

Ако вежбате, правете го тоа со тренер, за да избегнете грешки. Кремите за таа намена не се секогаш толку ефикасни колку што ги рекламираат. Но, две состојки сигурно можат да помогнат, ретинолот и витаминот А.

принтскрин/јутјуб

Ако ги додадете дури и во најобичните лосиони за тело, може да постигнете подобар резултат отколку со комерцијалните креми против стрии. Но, дерматолозите предупредуваат да не очекувате чуда, бидејќи стриите се трајно оштетување на кожата и може само да избледат, а многу ретко да исчезнат.

Исто така во нивното маскирање помага и алое вера гелот од самото растение и маслиновото масло, но само доколку редовно се употребуваат, односно мачкаат на најзафатените делови од стрии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот