Васоски: Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена

Фото: ФК Вардар

Александар Васоски, тренерот на Вардар, реагираше по одлуката на Управниот одбор на ФФМ да го прекине првенството без да прогласи шампион и да нема испаѓање. Васоски им ја честита титулата на своите фудбалери, а на Федерацијата и порача да ја преиспита одлуката да не прогласи шампион.

– Сакам да им ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена! Ми беше чест и задоволство да работам со вас, ужував во секој тренинг, секој натпревар! Со просек од можеби не повеќе од 22 години не прави најмлад тим кој освоил титула, со огромен потенцијал на една генерација фудбалери кои се уште не го кажале последниот збор.

Со одличен карактер свесни за психолошката тежина што го носи дресот на Вардар успеавте од себе да направите победници. Треба да сте горди на себе. Честитки до мојот стручен штаб, управа, нашата администрација, до нашиот сопственик Сергеј и секако до Комитите. Се надевам дека ФФМ ќе ја исправи грешката, сепак статистиката е само број – напиша на својот профил на Фејсбук, Александар Васоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот