Вашиот неред открива многу работи за вашата личност: Која е вашата „слаба точка“?

сложувалка
Фото: Unsplash

Дали влегувате во групата на луѓе кои се губат во сопствениот хаос. Вашиот автомобил е хаотичен, облеката во плакарот ви е превртена, на вашата работна маса можете да најдете апсолутно сè, гаражата ви е пренатрупена со работи? Нередот што го оставате зад вас открива многу работи за вас, пренесува „Daily Mail“.

Дури и најсредените луѓе во светот имаат свои „слаби точки“ кога станува збор за уредноста. Можеби сè им е во совршен ред, но тие сепак ќе остават нешто во тотален хаос, на пример една фиока во домот. Или нивниот гардеробер ќе изгледа како да „експлодирала бомба“ во него?

Вашиот хаос, открива какви ментални блокови имате во главата, односно во кој дел од животот немате рамнотежа. Која е вашата „слаба точка“?

алишта
Фото: Pexels

Гардеробер – Ве мачи носталгија

Неуредниот гардеробер покажува дека сè уште фантазирате за времето кога сте биле помлади, послаби, посреќни… Можеби старите фустани што ги чувате иако не ги носите ве потсетуваат на времето кога сте се чувствувале дека можете да направите сè. Не сакате да се ослободите од нив затоа што не сакате да го изгубите чувството што ве поврзува со некое подобро време.

За да го живеете животот максимално во сегашноста, треба да дозволите минатото да остане во минатото и да ги насочите мислите кон иднината. Обидете се да го искористите максимумот од секој ден.

Потрудете се да најдете време и да ја прегледате облеката во вашиот гардеробер. Прегледајте сè што не сте носеле повеќе од шест месеци и запрашајте се зошто го чувате. Тогаш, она што знаете дека повеќе нема да го носите, едноставно дајте го некому. Ќе се чувствувате добро.

биро работна маса

Работна маса – Вашата „слаба точка“ е одложувањето

Купишта хартија и сметки на вашата работна маса, како и други ситнурии, може да бидат изговор да се кренете и да продолжите напред. Секогаш кога го игнорирате вашиот неред, всушност избегнувате да се соочите со проблемите или го одолговлекувате започнувањето нов проект.

Но, одложувањето само создава притисок затоа што некои работи во животот не можат да се избегнат, затоа подобро е да се соочите со нив и да се ослободите од истите.

Сортирајте ја поштата веднаш штом ја добиете, тоа што не ви треба, фрлете го во кантата за ѓубре. Не чувајте ги хартиите што не ви требаат натрупани на масата – ќе се чувствувате олеснети.

автомобил

Автомобил – Не поставувате граници

Колку повеќе неред имате во автомобилот, толку помалку простор има за вас. Овој вид неред открива дека не поставувате граници, односно дозволувате нештата и луѓето да се движат во секоја област од вашиот живот, дури и таму каде што не припаѓаат.

Нередот во автомобилот е често првиот знак дека се чувствувате презаситени. Автомобилот треба да биде ваш личен простор, а не депонија. Исто така може да покаже дека се обидувате да одолеете на потребата понекогаш да ризикувате.

Запомнете, не мора секогаш да кажете „да“ кога некој ќе ве замоли за услуга. Понекогаш мора да научите да кажувате „не“ – тоа е клучот за вашата среќа. Покрај тоа, патувањето во уреден автомобил ќе биде помалку стресно.

гаража

Гаража – Вашата слаба точка е склоноста да се избегне

Одложувањето на недовршени проекти во гаражата само покажува дека ви недостасува ментална енергија за да се справите со тешките задачи, затоа претпочитате да ги избегнувате. Ви се чини дека ако тргнете нешто од вашиот видик, тоа по автоматизам не постои.

Со текот на времето, нередот во гаражата ќе продолжи да расте, а потоа ќе мора да се справите со тоа. Нередот само троши енергија.

Поставете тајмер на вашиот телефон на 25 минути, а потоа започнете да го решавате нередот во гаражата. Кога ќе помине тоа време, направете пауза од пет минути. По четири круга, наградете се со подолга пауза. Фрлете го она што треба да се фрли и организирајте што ви треба за да можете да се справите со тоа.

таван

Таван – Имате проблеми со вината

Чувате секакви ситници на таванот, семејни подароци кои не ви се допаѓаат, стар мебел, работи од вашите предци, честитки и слично, а всушност сакате да се ослободите од нив. Сепак, самата помисла да фрлите нешто ве прави да се чувствувате како да изневерувате некој близок и ве тера да се чувствувате виновни… А тоа со текот на времето станува само тежок и непријатен емоционален товар.

Запомнете, луѓето што сте ги сакале и можеби повеќе не се со вас, не би сакале да се чувствувате лошо за работи што и онака не ве прават среќни и само собираат прашина на таванот.

Ако имате некои работи на таванот што ве расположуваат кога ќе ги видите, сочувајте ги. Но, ослободете се од сè друго што стои таму со години. Подобра идеја може да биде да ги дадете на некого, на некој на кого нешто ќе му донесат радост, открива Дејли Меил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот