Вардар1961 ги промовираше новите дресови за сезоната 2021/2022

Со новиот дрес играчите на Вујовиќ ќе дебитираат на „Хумел Купот“ во Магдебург/Фото: Слободен печат

Денеска РК Вардар1961 го промовираше новиот дрес со кој ќе настапуваат играчите во сезоната 2021/2022.

На промоцијата присуствува претседателот на клубот, Михајло Михајловски, тренерот Веселин Вујовиќ и играчите Тимур Дибиров, Филип Талески, Едуардо Гурбиндо, Бакари Диало и Али Сафар.

После настапот во Суперкупот на Македонија и струшкиот турнир, „црвено-црните“ се фокусираат на новите настапи.

Најпрвин со новиот дрес ќе дебитираат на турнирот „Хумел Куп“ (21/22 август) во Магдебург, Германија на покрај домаќинот ќе учествуваат уште Горење (Словенија) и Холстебро (Данска).

А потоа им следува мечот од СЕХА лигата против Загреб на 26 август во Скопје.

Новите дресови со кои ќе игра Вардар1961 во сезоната 2021/2022/Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот