Вардар в четврток против Војводина во четвртфиналето на СЕХА-Газпром лигата

моралес вардар ппд загреб
фото: Драган Митрески/Слободен печат

Во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА-Газпром лигата актуелниот македонски шампион Вардар 1961 е домаќин против Војводина од Србија. Овој меч ќе се игра в четврток од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а судии ќе бидат Хрватите Матија Губец и Борис Милошевиќ.

Скопските „црвено-црни“ продолжуваат со згуснатиот распоред, па по трите натпревари за шест дена во домашното првенство сега доаѓаат плус дополнителна два од регионалната лига. Билетите се веќе во продажба преку продажните места на www. mktickets.mk и пред самиот натпревар на билетарницата пред салата.

На досегашните меѓусебни натпревари, во Скопје на седум натпревари, шестпати победувал Вардар. Српскиот тим единствено во 2014 година успеал да триумфира (25-23). Лани Вардар играше само еден меѓусебен дуел во Нови Сад во групната фаза и загуби со 16:26.

Тимот од Нови Сад сезонава има засилен состав со неколку интернационалнци а најпознатите засилувања за Белорусинот Барис Пуховски и Тунижанецот Аиди Мохамед Азиз. Двајцата играат на позицијата на лев бек. Тука е и хрватскиот голман Фран Лучин и Словенецот Грегор Оцвирк.

Важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не размислува,е за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот поразот во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратите на старите победнички патеки. Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурфарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим.

Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути. Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари и во првенство, куп и СЕХА лигата. Немаме многу време за подготовки, но секој момент се користи за задржување на високата форма. Тешко е да издржи ритамот на 3 меча за 6 дена. Кој ќе го издржи тој ритам ќе се радува на крајот од сезоната – вели тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски.

Татран прегазен во Битола, Еурофарм Пелистер пред промоција на Ф4 во СЕХА!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот