Татран прегазен во Битола, Еурофарм Пелистер пред промоција на Ф4 во СЕХА!

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес убедливо славеа победа против Татран Прешов во СЕХА лигата со 37:29, со што си обезбеди одлична предност пред реваншот.

Битолскиот тим во текот на целиот натпревар беше подобар од ривалот, но клучната предност ја направи во последните десетина минути од натпреварот.

Доминираа „пелистерци“ во најголем дел од првиот дел, а средбата ја отворија со 8:3, потоа водеа и со 12:7. Стигнаа битолчани и до највисоки 15:8, но во продолжение гостите прикажаа подобра игра и на пауза заминаа со пристојни три голови негатива (20:17).

Беше во налет Татран и на стартот од вториот дел, намали на 20:18, но потоа следуваа две брзи интервенции на Лесјак кои Еурофарм Пелистер ги искористи, па ја врати безбедната предност.

До крајот на средбата одново Татран имаше една мини серија, а дојде и до 28:27, а тогаш Кисум ја прекина серијата. Покрај Кисум погодуваа уште Костески и Хененберг, па Пелистер ја врати контролата и одново стекна сигурна предност за да слави со 37:28.

Лесјак го заврши натпреварот со 11 одбрани, додека Костески и Хененберг беа најефикасни со осум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот