Вардар со победа над Елверум ги заврши настапите во групната фаза, следен предизвик е Веспрем

Вардар со убедлив триумф го заврши настапот во групната фаза во ЛШ/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар победнички ги завршија настапите во групната фаза во Лигата на шампионите откако во СЦ „Јане Сандански“ до 39:30 го совладаа Елверум. Вардарци по 14 кола во групата А имаат скор од шест победи, едно реми и седум порази и го освоија петтото место  кое во нокаут фазата ги однесе на унгарскиот Веспрем.

Првиот натпревар против Веспрем треба да се игра на 30/31 март во СЦ „Јане Сандански“, додека реваншот е за седум дека во Унгарија.

Вардарци до победата дојдоа со одлична игра во второто полувреме во кое го покажаа вистинското лице и кое го добија со 22:14, откако во првите 30 минути не беа на посакуваното ниво.

„Црвено-црните“ одлично го започнаа натпреварот и по четири минути имаа водство од 4:0 благодарение на Моралес и на Тото кои дадоа по два гола. Но, ракометарите на Елверум во наредните пет минути успеаја да постигнат четири гола и да фатат резултатски приклучок (6:4).

Во релативно „мирниот“ натпревар во кој одбраните на двете екипи не беа на посакуваното ниво, се играше гол за гол, „црвено-црните“ ја одржуваа предноста од 2-3 гола и тоа до последната минута од првиот дел кога Ерик Јохансон со два гола го донесе Елверум на минус еден (17:16).

Вардар го контролираше резултатот во првото полувреме/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тимур Дибиров со четири гола беше најпрецизен кај Вардар, Јохансон даде шест за норвешкиот шампион, додека слабо прво полувреме имаа голманите на „црвено-црните“, Томовски и Гогов кои имаа само две одбрани.

На стартот од второто полувреме Елверум со голот на Солстад во 33. минута го израмни резултатот, а во следниот напад истиот ракометар му донесе прво водство на норвешкиот тим (17:18). Додиќ го израмни резултатот, но Нилсен повторно му носи предност на Елверум (18:19).

Филип Талески/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слабата реализација во нападот на „црвено-црните“ ја искористија гостите кои постигнаа два гола за водство од 18:21 во 37. минута.

Сепак, во поледните дваесетина минути се разбрани Томовски го покажа вистинското лице и дојде до убедлив триумф.

Одбраната на „црвено-црните“ конечно профункционира, гостите тешко доаѓаа до чисти шутеви и со голот на Оливие Њокас во 45 минута, Вардар дојде до измранување на 25:25.

Одбраната беше на посакуваното ниво во второто полувреме/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По новата грешка на гостите, Вардар го врати водството со голот на Кевин Њокас (26:25) во 47 .минута, а по украдената топка на Дарко Ѓукиќ „“ црвено-црните дојдоа до плус два (27:25).

Во последните десет минути, вардарци дојдоа и до плус четири (32:28) по што рутински ги одработија последните минути и ја забележаа шестата победа во групната фаза.

Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен во редовите на Вардар, Оливие Њокас даде шест, а неговиот брат Кевин пет, додека Мартин Томовски имаше девет одбрани.

Кај Елверум, Ерик Јохансон постигна осум гола, а Стиг-Торе Моен Нилсен даде седум гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот