Вардар се помоќен: потпиша и Филип Талески

EPA/SEBASTIEN NOGIER

Македонскиот репрезентативец Филип Талески е нов ракометар на актуелниот европски шампион Вардар, пишува „Екипа“.

Талески потпиша едногодишен договор со „црвено-црните“ со што тренерот Стефче Алушовски доби екстра квалитетно засилување на левата бековска позиција.

Талески прекинатата сезона поради пандемијата со коронавирусот ја одигра во германскиот бундеслигаш Балинген, откако претходно две години играше за Рајн Некар Левен.

Талески е второто официјално засилување за Вардар за новата сезона, по францускиот голман Рибин Кантегрел, додека претходно нови договори потпишаа староседелците Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер, Иван Чупиќ и Глеб Калараш и младите Мишевски, Атанасовски, Гашовски, Крстевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот