Вардар против Ал Мудхар во четвртфиналето на „Супер Глоуб“

twitter.com/ihf_info

Американците не беа сериозна пречка за претставникот од Саудиска Арабија каде што и се одржува „Супер Глоуб“, но дефинитивно во наредната фаза ќе има многу потешка задача.

Во победничките редови доминираше Скандар Зајед со шест голови, следен Ахмед Ал Абдулали со пет, а на спротивната страна четири запиша Анвар Сајед Елсајед Шалаби.

Македонскиот и европски шампион Вардар в среда (28 август) со почеток од 19.00 часот за пласман во полуфиналето на неофицијалното Светско клупско првенство ќе игра против Ал Мудхар.

Познати се и останатите три четвртфинални средби, египетскиот Замалек ќе се сретне против Кил против кој најверојатно „црвено-црните“ се очекува да се сретнат во полуфиналната пресметка. Бундеслигашот со 41:27 беше подобар од австралискиот Сиднеј универзити.

Потоа, вториот учесник од Саудиска Арабија Ал Вехда ќе игра со бразилскиот Хандебол Таубате, а Барселона се среќава со катарскиот Ал-Духаил.

„Супер Глоуб 2019“ – Дамам, Саудиска Арабија

Четвртфинале, 28 август

11.15 часот Ал Вехда – Таубате
13.30 часот Замалек – Кил

16.20 часот Барселона – Ал Духаил
19.00 часот Вардар – Ал Мудхар

Полуфиналните мечеви ќе се играат в четврток од 16.20 часот и 19.00. Битката за третото место е в сабота од 13.30 часот, а финалето е од 16.20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот