ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА: До клубот пристигна финансиска понуда од Бугарската Фондација „Македонија“

фото: ФК Вардар

Скопските „црвено-црни“ по две години пауза се вратија во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), приоритет е ФК Вардар да биде транспарентен клуб и да биде финансиски стабилен, за функционирање на клубот.

Беше запознаена јавноста со начелата на акцијата „Вардар клуб на народот“, со цел заеднички да се врати Вардар, онаму каде што припаѓа, повторно да биде на врвот.

Од клубот ја информираат јавноста дека до клубот пристигнала финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација „Македонија“ која што сака да го купи најтрофејниот клуб во нашата земја.

А со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Од клубот кратко и јасно информираа дека: „Вардар не е на продажба“ и ставот е дека воопшто не постои простор за дискусија.

ФК Вардар уште еднаш ги повикува верните навивачи да ја обезбедат членската карта (онлајн преку линк) која е одговор и најважно „оружје“ при одбраната на Вардар – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план.

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!

Во продолжение целото соопштение на ФК Вардар, воедно и пораката на основачот на бугарската Фондација „Македонија“, Виктор Стојанов:

ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!
Ситуацијата е крајно алармантна. До клубот пристигна финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот.
Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!
На ваквите напади ќе продолжиме да одолеваме, само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта. Секој!
Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор!
Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!
Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!
Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!
КУПИ ЧЛЕНСКА
На сите продажни места на “МК Тикетс”
Онлајн преку линкот

 

фото: принтскрин/ФК Вардар/facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот