ВИДЕО: Акција „Вардар клуб на народот“ – се очекува да се соберат 500.000 евра

фото: ФК Вардар

Како што објавија „Комити“, во вторникот точно во 19:47 часот започна најголемата акција за продажба на членски карти со кои фановите ќе може да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, а воедно со купување на истите ќе се стекнат и со одредени привилегии, во однос на продажбата на реквизити.

Повеќе околу продажбата во соработка со „Пасворд продукција“, преку платформата „МК Тикетс“, можете да прочитате ТУКА

Клубот одржа прес конференција, на истата присуствуваа фудбалери, членови на стручниот штаб, на која беше запознаена јавноста со начелата на акцијата „Вардар клуб на народот“, со цел заеднички да се врати Вардар, онаму каде што припаѓа, повторно да биде на врвот.

Скопските „црвено-црни по две години пауза се вратија во Првата лига, приоритет е Вардар да биде транспарентен клуб и да биде финансиски стабилен. Очекувањата се да се соберат 500.000 илјади евра за фукционирање на клубот.

– Слоганот на акцијата „Вардар клуб на народот“ значи дека народот има право да знае сè што се случува во фудбалскиот клуб. Борбата за спас трае три години, пред две години беа продадени 33.381 билет во најголемата акција за Вардар да преживее. Сметката е блокирана од 2018 година, повторно сме во акција за спас и сега ни е потребна поддршката од народот. Вардар го поддржаа веќе 12 општини и градот Скопје. Да покажеме дека сѐ е можно, да видиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар. Веруваме дека може да се продадат сезонските билети и да инкасираме 500.000 евра. Заедно да покажеме како се сака клубот на народот – вели Милорад Миленковски од навивачката група „Комити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот