Вардар на гости кај Војводина ја брка првата победа во СЕХА
Ракометарите на Вардар денеска (17.30 часот) ќе се обидат да го поправат впечатокот од првиот натпревар во СЕХА Лигата кога загубија и ќе се обидат да ги запишат првата победа и бодови.
Препорачано
„Црвено-црните“ загубија од Нексе во првото коло во СЕХА Лигата и денеска и гостуваат на Војводина и повторно ја имаат улогата на фаворит. Но, новиот тренер на вардарци, Давид Дејвис предупредува дека неговите ракометари ќе мора да одиграат подобро отколку на првиот натпревар доколку сакаат да победат.
– По поразот од Нексе, мораме да одиграме подобро против Војводина. Да, бевме подобри против Пролет, но ние треба да продолжиме да работиме, со игра на теренот и очекувам да биде подобро во вторник. Војводина игра дисциплинирано, опасноста доаѓа од Немања Прибак, другите повеќе играат со него, а имаат и добар голман. Војводина кога игра дома е многу опасна. Рано е да се зборува дали имаме напредок во нашата игра, ќе видиме понатаму. Имаше разлика во дуелот со Пролет, ракометарите знаеја што мора да играат и мислам дека ова им влезе во глава. Чекор по чекор мислам дека ќе биде подобро – вели Дејвис.


