Вардар може да здивне, ФИФА ја укина забраната за трансфери

Со новите сопственици на Вардар дојдоа и првите позитивни вести/ фото: Фејсбук/ФК Вардар

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар кој за прв пат од осамостојувањето на државата игра во Втгората лига, конечно ќе може да настапува во комплетен состав и да ги регистрира сите засилувања кои ги ангажира во летниот преоден рок.

Вардар новата сезона во Втората фудбалска лига ја започна вчера играјќи 0:0 со Корави, а „црвено-црните“ поради забраната за трансфери од ФИФА, мораше да настпи го поголем број на младинци.
Но, од денеска Вардар може да здивне, ФИФА ја повлече забраната по што може да бидат регистрирани новите засилувања.

Вардар од почетокот на неделава и официјално има нови сопственици, тоа е компанијата „Блу Скај Инвестмент“која го презема клубот заедно со милионските долгови кои ги направи поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко.

Зелено светло за преземањето на Вардар даде и советот на град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот