Вардар ќе остане ракометна сила

Ракометниот клуб Вардар на кој цела сезона му виси „дамоклов меч“ поради најавеното заминување на сопственикот Сергеј Самсоненко и беспарицата која владее, според последните случувања, ќе застане на здрави нозе и ќе остане ракометна сила во Македонија и во Европа.

Акцијата на поранешниот претседател, Михајло Михајловски, кој побара трепение до 10 мај, се чини дека вроди со плод и има најави за влез на неколку македонски компании но и финансиери кои би влегле во раководните структури на клубот.

Според информациите, идејата на Михајловски е клубот да функционира како акционерско друштво, во кое сите финансиери би имале одреден број на акции. По последните случувања, досегашниот сопственик и финансиер Сергеј Самсоненко неофицијално најавил останување во клубот, и со помош од финансиери но и неколку компании би се креирал милионски буџет со кој Вардар повторно би бил ракометна сила во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот