Вардар им се врати на победите во СЕХА лигата

sehaphoto

После вториот триумф во Лигата на шампионите во неделата против Порто, вечерва во СЦ „Јане Сандански“, Вардар им се врати на победите во СЕХА Газпром лигата откако со резултат 27:25 славеше против Нексе.

После изненадувачкиот пораз во минатото коло во Украина од Мотор Запорожје, овојпат не дозволија ракометарите на Давид Писонеро повторно да бидат изненадени.

Повторно во главна улога беа оние стандардните, а на овој меч минутажа добија и помладите во самиот финиш. Хрватите се покажаа како цврст противник, иако дури во последните 10 минути беше скршен нивниот отпор и на крајот мораа да се помират со поразот.

Најзаслужни за победата беа Дибиров со девет голови, три помалку запиша Дисингер, а добра партија покажа и голманот Гедбан кој забележа 15 одбрани. После три меча во групата А, Вардарци моментно се на делба на првото место по шест бода заедно со Мотор Запорожје и Војводина.

Сега „црвено-црните“ се фокусираат на третата пресметка во ЛШ, поточно во Украина против Мотор Запорожје против кој ќе се обидат да се реваншираат за поразот во СЕХА на 29 септември (недела, 18.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот