Вардар со втора победа во ЛШ, Порто не беше лесен „залак“! (ФОТО+ВИДЕО)

facebook.com/rkvardar

Денеска во рамките од второто коло во групата „Б“ од ракометната Лига на шампионите, бранителот на титулата Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ триумфираше над Порто со резултат 32:27.
Во првите пет минути изненадувачко прво водство на Португалците од 1:3 благодарение на неколку погрешни додавања во нападите на Вардар.

Продолжи анемичната игра на Вардарци, ривалите само им ги „крадеа“ топките, се казнувашe, a негативата достигна дури „минус три“ (3:6) во првите 10 минути игра.

Порто се покажа како цврст противник во првото полувреме, нашиот првак почна поагресивно во одбраната, тоа се резултираше со прв погодок на Кристопанс за 5:6. Почна да греши гостинот во нападите, тоа се искористи воглавно преку Кристопанс кој реализираше низа погодоци за израмнување во 17 минута на 8:8.

Во следната акција Скубе изнуди прекршок за удар од седмерец, прецизен беше Чупиќ, потоа Гедбан почнуваше да ја крева публиката со нови одбрани, а ривалите го побараа првиот тајм аут после четвртиот погодок на средбата од страна на Кристопанс (10:8) во 20 минута.
И потоа голем несфатлив пад во играта на Вардар,голема загрижувача серија од 6:0 на Порто за неверојатни 10:14 на семафорот. Серијата успеа да ја прекине пикерот Горпишин за намалување и повторно бркање на резултатот.

Секоја грешка на Вардар,знаеше Порто да ја казни во своите контри, после првото полувреме македонскиот и европски шампион замина со негатива од 14:16. Веднаш фуриозен старт на Вардар со серија од 3:0 и нова минимална позитива од 17:16.

Се одржуваше минималната предност, во прилог одеа и низата исклучувања кај Португалците, Чупиќ како крило реализираше, па Кристопанс и Шишкарев се придружија реализирајќи од гол на гол за делириум на трибините од 22:19. Полека се стабилизираше Вардар и експлодираше таа препознатлива на европскиот првак, а добра вест беа и петте собрани интервенции во 40 минута за 24:20.
Се одржуваше разликата од четири голови предност, на осум минути до крајот на мечот беше 29:25 за македонскиот и европски шампион, а 30 погодок беше дело на Чупиќ со што полека се најавуваше победата.

Во наредното трето коло ракометарите на Давид Писонеро на 29 октомври ќе гостуваат во Украина на дуел против Мотор Запорожје (18.00 часот).

Лига на шампиони, 2. коло
Вардар-Порто 32:27 (14:16)
Вардар: Гедбан (4 одб.), Кугис (10 одб.), Атман 3, Чупиќ 7, Дибиров 5, Димитриоски, Дисингер, Горбок, Горпишин 1, Калараш 1, Карапалевски, Кристопанс 7, Кукуловски, Шишкарев 5, Сикошек Пелко, Скубе 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот