Вардар и Победа одиграа меч пред повеќе од 2000 гледачи на стадионот „Гоце Делчев“

Фото: Petar Dimoski/Facebook/FC Pobeda Prilep

Како подготовка за новата натпреварувачка сезона 2021/2022 денеска екипите на Вардар и Победа одиграа пријателски натпревар кој заврши нерешено 1:1.

Поранешни шампиони, а сега второлигашки клубови одлучија да ги одмерат силите пред лигашките предизвици. Пред повеќе од 2000 илјади гледачи на стадионот „Гоце Делчев“ – Прилеп го одиграа својот контролен меч играчите на Вардар и Победа.

По 1903 денови од последниот одигран натпревар во прилепскиот храм на фудбалот (на 14 мај 2015 година со Велазерими 2:0) и 160 одиграни првенствени и куп натпревари надвор од својот терен изминативе повеќе од пет години, ФК Победа се враќа во својот дом-на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Мечот инаку започна со едноминутно молчење во чест на неодамна починатите: долгододишниот прв човек на Победа Александар Забрчанец, поранешниот голман и капитен на Победа Гоце Груевски и навивачот Сотир Илиески.

Се играше како да е тоа меч за бодови, тврдо, машки, агресивно со доста дуел игра, со остри стартови за кои имаше и доста жолти картони. Сето она што фудбалот го прави машка игра на два тима кои сакаат да победат. Иако имаше игра надвор од казнетиот простор на младиот вардаров голман Стојковски, за што доби црвен картон, по инсистирање на тренерот на Победа Крстески гостите сепак продолжија со 11 играчи од 36 минута до крајот.

Вардар поведе во 31 минута преку Стојкоски по прекин од корнер, а Победа израмни со евро-гол од слободен удар на Дарко Ангелески во 37 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот