Вардар и Е. Пелистер се избегнаа во полуфиналето на Купот, ќе игра со вториот тим на битолчани

Двете најдобри македонски ракометни екипи ќе се борат за нов трофеј/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најголемите фаворити за освојување на трофејот во Купот на Македонија, Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето и се очекува нивната пресметка да биде во финалето, доколку не се случи некое големо изненадување.

На завршиот турнир што од 13 до 15 мај ќе се игра во салата „Јасмин“  во Кавадарци, „црвено-црните“ ќе играат против Еурофарм Пелистер 2, додека Бутел го очекува пресметка со Еурофарм Пелистер.
Во женска конкуренција, во полуфиналето ќе играат Ѓорче Петров – Чаир и Металург – Куманово.

Куп на Македонија – мажи:
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер

Куп на Македонија – жени:
Ѓорче Петров – Чаир
Металург – Куманово

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот