Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Вардар го пречекува Пелистер во дерби во кое сака да ја потврди 15. титулата

Вечерва од 19 часот во СЦ Спортски центар „Јане Сандански“, Вардар ќе го пречека големиот ривал Пелистер во дербито на ракометната Суперлига и тоа во натпревар во кој „црвено-црните“ можат да ја потврдат титулата која за нив би била 15. во домашното првенство.

На Вардар потребен му е само еден и математички да ја обезбеди шампионската титула и повторно да се искачи на тронот, прекинувајќи ја доминацијата на битолскиот состав. Од друга страна, Пелистер доаѓа во Скопје со јасна цел, да слави во „Јане Сандански“ и барем привремено да го одложи шампионското славје на најтрофејниот македонски клуб.

Вардар во пресрет на дербито влегува по исцрпувачкиот европски дуел со Монпелје, додека битолчани имаа повеќе време за одмор и подготовка. Сепак, домашниот тим ќе смета на поддршката од преполните трибини и атмосферата која традиционално носи дополнителна енергија во ваквите натпревари.

Во таборот на Вардар сè уште е свежо сеќавањето на минатата сезона, кога Пелистер токму во Скопје стигна до шампионскиот пехар, па тоа сигурно е мотив плус за еден вид одмазда.

За вардарци, нема посладок начин да се освои титулата од тоа да се завери токму против најголемиот ривал, а токму такво сценарио посакуваат вечерва навивачите на „црвено-црните“.

Ждрепката го посака Охрид, реваншот во борбата за првиот европски трофеј ќе го игра дома

ФОТО | Десет гола сепак беа премногу, Вардар со победа се прости од Европа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот