ФОТО | Десет гола сепак беа премногу, Вардар со победа се прости од Европа
Иако на моменти изгледаше дека е блиску, Вардар не успеа да ги надополни десетте гола негатива од првиот натпревар, а од настапот во Европа се прости со победа во четвртфиналето над Монпелје со 27-24.
Препорачано
На домашен терен Вардар одигра многу подобро отколку од пред седум дена во Франција, Монпелје водеше само со почетните 1-0 и во продолжение констатно македонскиот претставник ја имаше предноста на своја страна.
Одличен на голот беше Влах кој уште во почетните минути запиша неколку одлични интервенции. Најголемата предност во првиот дел Вардар ја стекна некаде на средина од полувремето кога поведе со 12-7 и тоа беше половина од десетте негатива од гостувањето во Франција.

Таа предност Вардар успеа да ја задржи и до крајот на паузата кога на семафорот стоеше 17-12. Впечаток беше дека Вардар моежеше да има и поголема разлика, но голманот на Францзуите токму во моментите кога неговите ракометари ќе погрешеа знаеше да ја спаси ситуацијата.
Добрата игра на Вардар продолжи и во вториот дел, па на 15-тина минути пред крајот Вардар поведе и со седум разлика (22-15). Но, тука избраниците на Чупиќ како веќе да почнаа да губат сили, Монпелје се врати на три-четири гола разлика и стана јасно дека оние десет гола разлика сепак ќе останат недостижни.
Проблем во тие моменти беше и недостатокот на ротација, а тука беше и исклучувањето на Урош Митровиќ кој во првото полувреме заработи црвен картон.
Пред Вардар сега е борбата за титулата во домашното првенство до која е исклучително блиску и математички може да ја обезбеди за само два дена, ако слави против најголемиот ривал, Пелистер. Тој натпревар се игра во терминот од 19:00 часот.












