Вардар 1961 од следната сезона ќе има нов тренер

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од следната натпреварувачка сезона 2021/2022 се најавува дека ракометниот клуб Вардар 1961 ќе има нов тренер.

Како што информира „Спортмедиа“, Стевче Алушовски по завршување на сезоната повеќе нема да биде тренер на клубот.

До крајот на оваа сезона ќе се обиде да ја освои титулата во домашниот шампионат, како и во Купот.

Во Лигата на шампионите вардарци беа елиминирани во осминафиналето со два убедливи порази од унгарскиот Веспрем.

Воедно е познато дека на крајот од сезоната клубот ќе го напуштат Иван Чупиќ, Марко Кизиќ и Робин Кантегрел, а нови засилувања се Дарко Ѓукиќ, Едуардо Гурбиндо, Анте Кудуз, Јан Чувара и Мартин Томовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот