Валверде по трет пат седна на клупата на Атлетик Билбао

Ернесто Валверде доаѓа во добро позната средина/фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Ернесто Валверде денеска и официјално е именуван за нов тренер на шпанскиот Атлетик Билбао.

Валверде две години беше без тренерски ангажман откако си замина од Барселона, се додека не доби телефонски повик од новиот претседател на Атлетик Билбао, Јон Уриарте, со понуда по трет пат да седне на клупата на баскискиот тим.


Валверде ја прифати понудата и денеска официјално потпиша договор со Атлетик Билбао.
Тој прв пат на клупата седеше од 2003 до 2005 година, а вториот мандат во Атлетик Билбао го одработи од 2013 до 2017 година.

Валверде го водеше баскискиот тим на 306 натпревари и исвои еден трофеј, шпанскиот Суперкуп во 2016 година.

Освен Атлетик Билбао и Барселона, Ернесто Валверде ги водеше и екипите на Еспањол, Валенсија, Виљареал и Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот