Вајнштајн однесен во болница откако се вратил во затворот во Њујорк

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Адвокатот на Харви Вајнштајн денеска изјави дека поранешниот филмски продуцент бил однесен во болница откако се вратил во затворот во Њујорк.

Оваа вест доаѓа неколку дена откако беше поништена пресудата за силување на Вајнштајн во 2020 година и судот во Њујорк нареди ново судење за случајот „MeToo“, пишува Sky News.

Артур Аидала, адвокатот на Вајнштајн, рече дека неговиот клиент бил однесен во болницата Белви во Менхетен откако пристигнал во затворот во петокот.

„Го прегледаа и го испратија во болницата „Белева“. Изгледа дека му е потребна голема помош, физичка“, изјави неговиот адвокат, пренесува „Дејли мејл“.

Судот во Њујорк ја поништи пресудата, Харви Вајнштајн ќе добие ново судење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот