Вајли и Какруки оптимисти: Веруваме во победа над Грузија

Џејкоб Вајли / фото: КФСМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија задутре ги продолжува настапите во квалификациите за пласман на СП 2023, со гостувањето кај Грузија. Во февруарскиот прозорец, кошаркарите двата натпревари ќе ги играат против Грузија, прво во Тбилиси, а потоа в недела и во Скопје.

Репрезентацијата повторно нема да биде комплетна поради повредите, а на првиот натпревар ќе недостасува и селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на коронавирус, но и покрај проблемите, Џејкоб Вајли се надева дека Македонија ќе ги запише првите бодови во квалификациите.

– Верувам во соиграчите и покрај многуте повреди кои ни го попречија патот. Имаме силен и отпорен тим. Нема да биде лесно, па мора да бидеме најдобри. Сакаме и мислам дека можеме со многу борба да ги добиеме двата натпревари со Грузија – изјави Вајли по последниот тренинг пред заминувањето за Тбилиси.

Повредите на неколку стандардни репрезентативци отворија можност за младите кошаркари да добијат шанса, а еден однив е и играчот на Работнички, Валмир Какруки кој во Тбилиси ќе дебитира за сениорскиот тим.

– Горд сум што ќе играм за Македонија во овие квалификации. Иако сме многу млади и не недостигаат многу играчи верувам дека ќе победиме на мечевите со Грузија. Треба да дадеме се од себе на двата меча и мислам дека во таква ситуација имаме шанса за победа – изјави Какруки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот